Дали би сакале да бидете посетени?
Минатата година една жена од Корпус Кристи, Тексас, САД, испратила писмо до Друштвото Стражарска кула во Бруклин, Њујорк, во кое вели: ”Се викам Емили, и имам проучувано литература што ми ја дадоа некои Јеховини сведоци пред неколку недели. Откако ги прочитав списанијата и ги споредив со мојата семејна Библија, видов дека римокатоличката црква изгледа не го учи она што стои во Светото писмо. Тие никогаш не говореле за името на Бог или за идното Божје Царство, за кое увидов дека е клучна тема во мојата Библија. Престанав да одам во нашата црква и започнав да ја проучувам Библијата, благодарение на вашата вистинољубива литература.
Би сакала да почнам да се дружам со месното собрание на Јеховини сведоци. Ве молам, пренесете им да дојдат во мојот дом за да можеме да разговараме.“
Некој од Јеховините сведоци со задоволство би ве посетил и вас и би ви помогнал да го зголемите своето спознане за Бог, неговото Царство и неговите намери, а на темел на Библијата. За да искористите прилика од оваа служба, едноставно наведете ги информациите кои се бараат подолу и испратете ги на адресата од купонот.