Нивното верување во еволуција било разнишано
Еден човек од Милвоки, Висконсин, САД, минатата година испрати писмо со ценење ”за извонредната алатка што му била дадена со книгата Život — Kako je nastao? Evolucijom ili stvaranjem?“ Тој објаснил:
”Пред околу две години сретнав двајца млади од Баијин, Кина, кои го посетуваа медицинскиот колеџ овде во Милвоки. Тие се биохемичари, и не криеја дека искрено веруваат во еволуција.
Бев сигурен дека би бил во подредена положба поради мојот недостиг на научно спознание ако се обидам да зборувам со нив на научно ниво, па одлучив да допуштам книгата сама да зборува. Додека се дружевме за време на проучувањето, можев да видам како нивната увереност во еволуцијата почна да се колеба.“
Тие ја проучиле целата книга, а човекот од Милвоки завршува: ”Библијата стана нивни вистински извор на информации. Благодарам уште еднаш за оваа извонредна алатка.“
Ако сакате да ја добиете оваа прекрасно илустрирана книга на 256 страници, молиме пополнете и испратете го долниот купон.
[Слики на страница 32]
За овој врв од стрела бил потребен творец
Зарем не бил потребен творец за овој молекул на ДНК?