Објавителите на Царството известуваат
Во Бразил им се проповеда ”ослободување на заробените“
ЈЕХОВИНИОТ дух дејствува моќно на својот народ во Бразил додека тие ја проповедаат добрата вест за ослободување на оние кои се во ропството на лажната религија (Исаија 61:1, 2; Лука 4:18, Свето писмо на македонски јазик). Во 1947 година постоеја само 648 Сведоци во земјата. Во 1967 бројот се искачи на 41 548. Со Јеховин благослов, на почетокот од 1991 се достигна највисок број од преку 302 000! Навистина, ’Бог направил да израсте‘ (1. Коринтјаните 3:7). Само во 1990 службена година беа крстени 27 068.
Таквиот пораст доведе до тоа секој месец да се организира нова покраина, а за само една година свечено беа отворени 150 нови Царски сали. Уште повеќе, подружницата купи 150 хектари земјиште за проширување на своите капацитети, каде што сега се печатат Библии на сопствени печатарски машини. Така Сведоците во Бразил работат напорно за да им помогнат на луѓето со кротки срца да излезат од ”Големиот Вавилон“ пред да настапи ”големата неволја“ (Откровение 7:9, 10, 14, ДК; 18:2, 4).
□ Еден 8-годишен објавител ѝ оставил една книга на сопругата на шефот на полицијата и потоа, сосема сам, направил повторна посета. Неговата намера била жената да му прочита неколку од приказните и да му каже што разбрала од секоја. Кога му ги раскажала приказните, таа почнала да ја цени книгата и го замолила да ја запознае со неговата мајка. Тој го сторил тоа, и сега жената се радува на редовна домашна библиска студија.
□ Во 1984 година, на Марија ѝ се здодеало од лицемерието кое го забележувала во општеството и била очајна поради несреќите за кои читала дека се случуваат низ светот. Така почнала да живее како панкер. Таа изјавува: ”Наша цел беше да бидеме против сѐ и секого. Со својот надворешен изглед сакав да ги шокирам луѓето — ексцентричност, облека во црна боја, и главата делумно острижена. Го запоставив сопругот, децата и домот и почнав да пушам марихуана и да употребувам кокаин за да побегнам од стварноста. Но, тоа направи да се чувствувам уште полошо. Плачев. Кога ја читав Библијата, не можев ништо да разберам. Затоа го молев Бог да ми помогне.
Еден ден двајца Сведоци ме посетија дома и, по кус разговор, ми понудија две списанија. Листајќи низ едно од нив, ја забележав статијата под наслов ’Независност од Бог — Зошто не?‘a Статијата ме погоди в срце. Се чувствував дека Бог ми одговори на молитвите, и истиот ден Сведоците започнаа да ја проучуваат Библијата со мене. Од тогаш, се менував на подобро. Мојот сопруг и семејството отпрвин се противеа на моето проучување на Библијата, но кога ги видоа промените кај мене, почнаа да ме охрабруваат. Сега сум крстена Божја слугинка.“
Јеховините сведоци во Бразил, како и во останатите делови на светот, се активни во проповедањето на ”ослободување на заробените“. Мнозина се одгласуваат и наоѓаат ослободување и среќа во служењето на Јехова.
[Фуснота]
a Издание на Стражарска кула од 1. ноември 1985.
[Рамка на страница 30]
БРАЗИЛ
Население - 150 367 800
Најголем број на објавители 1990 - 293 466
Однос, 1 објавител на - 512
Број на крстени во 1990 - 27 068
Просечен број на пионери - 30 115
Број на собранија - 4 625
Просечен број на библиски студии - 341 305
Присутни на Спомен-свеченоста - 790 926