ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 15/7 стр. 26
  • Значењето на молитвата

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Значењето на молитвата
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 15/7 стр. 26

Значењето на молитвата

”Главниот збор за молитва на хебрејски јазик доаѓа од коренот ’да се суди‘, а вообичаената повратна форма (...) буквално значи ’да се судиш самиот себеси‘.“ Така изјавува делото The Authorised Daily Prayer Book. Тоа го вклучува значењето дека една од намерите на молитвата е да му помогне на лицето да увиди дали може да се носи со Божјите праведни мерила и барања.

Од таа причина, низ Библијата ни се кажува дека ако некој не ја врши Божјата волја, неговите молитви нема да бидат поволно сослушани. ”Далеку е Јахве од лошите, а ги слуша молитвите на праведните“ (Изреките 15:29, Ст; 1. Јованово 5:14).

Самоиспитувањето пред Јехова Бог секако треба да го направи оној кој се моли да биде понизен и покаен. Со тоа ѝ се дава поголемо значење на Исусовата споредба за фалбаџискиот фарисеј и за даночникот кој се каел, кои дошле во храмот да се молат (Лука 18:9-14).

Според тоа, сеедно дали му се молиме на Јехова со благодарност, со фалба или молба, молитвата секогаш е прилика за самоиспитување. На тој начин, молитвата нѐ приближува до Јехова и го јакне нашиот однос со него.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели