ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w91 15/6 стр. 31
  • Прашања од читателите

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања од читателите
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Сличен материјал
  • Да се оди поучен од Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Да се спаси животот со крв — како?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
w91 15/6 стр. 31

Прашања од читателите

◼ Колку силно треба да се спротивстави христијанинот на трансфузијата на крв за која е даден налог по судски пат?

Секоја ситуација е единствена, така што во тој поглед нема општо важечко правило. Христијаните се познати по учтивото ’плаќање на царот што е царево‘, слушајќи ги светските влади. Сепак, тие увидуваат дека нивната главна обврска е да му дадат ’на Бог она што е Божје‘, не повредувајќи го неговиот закон (Марко 12:17).

Во Римјаните 13:1-7 (NW) се разгледува односот на христијаните спрема државните ”виши власти“. Таквите власти имаат овластување да пропишуваат закони или да издаваат уредби, обично за унапредување на општото добро на населението. А властите ’носат меч‘ за да ги применат своите закони и ’да го објават гневот над оној кој прави лошо според нејзините закони‘. Бидејќи се подложни на вишите власти, христијаните сакаат да бидат послушни на законите и судските одлуки, но оваа подложност мора да биде релативна. Ако од христијанинот се бара да се подложи на нешто што би претставувало прекршување на Божјиот повисок закон, тогаш божествениот закон доаѓа на прво место; тој има предност.

Некои модерни закони кои во основа се добри, можат да бидат злоупотребени за да се даде овластување за принудна трансфузија на крв врз некој христијанин. Во таков случај христијанинот мора да заземе ист став како што сторил и апостол Петар: ”Повеќе треба да Му се покоруваме на Бога, отколку на луѓето“ (Дела 5:29).

Јехова им заповедал на Израелците: ”Биди цврсто одлучен да не јадеш крв, зашто крвта е душата и не смееш да ја јадеш душата со месото“ (5. Мојсеева 12:23, NW). Еден еврејски превод на Библијата од 1917, вели: ”Само бидете непоколебливи да не ја јадете крвта“. А Ајсак Лизер овој стих го преведува: ”Само бидете цврсти да не ја јадете крвта”. Дали ова звучи така дека Божјите слуги треба да бидат немарни или пасивни во придржувањето на овој закон?

Со добра причина христијаните биле апсолутно одлучни да го слушаат Бог, дури и ако властите им наложуваат поинаку. Професор Роберт Л. Вилкен пишува: ”Христијаните не само што ја одбивале [римската] воена служба, туку исто така не прифаќале јавни служби ниту преземале одговорност во градските управи“ (The Christians as the Romans Saw Them). Одбивањето би можело да значи да бидат окарактеризирани како престапници или да бидат осудени на римската арена.

Христијаните денес мораат исто така да бидат непоколебливи, цврсто одлучни да не го повредат божествениот закон, дури и ако тоа ги изложува на опасност, како на пример, светските власти. Највисокиот закон во универзумот — Божјиот закон — бара да избегнуваат злоупотребување на крв, исто како што на христијаните им е заповедано да избегнуваат блуд (сексуален неморал). Библијата ги нарекува овие забрани ”потребни работи“ (Дела 15:19-21, 28, 29, Ст). Таквиот божествен закон не смее да се сфати површно, како нешто кое треба да се почитува само кога е згодно или кога не претставува проблем, Божјиот закон мора да се слуша!

Затоа, можеме да разбереме зошто младата христијанка спомената на страна 17, пред судот рекла дека ”таа ја смета трансфузијата како напад врз своето тело и ја споредила со силување“. Дали која и да било христијанка, млада или стара, пасивно би дозволила да биде силувана, дури и ако е законски допуштено да се врши блуд преку сексуално насилство?

Слично на тоа, 12-годишната девојка цитирана на истата страна, не оставила сомнение дека ’со сите свои сили би се борела против било каква судски одобрена трансфузија, дека би врискала и би се бранела, дека би ја извадила справата за инјектирање од раката и дека ќе се обиде да ја уништи кесата со крв над главата‘. Таа била цврсто решена да го послуша божествениот закон.

Исус се повлекол од околината кога мноштвото сакало да го направи цар. Слично на тоа, ако постои веројатност од давање трансфузија по судски пат, христијанинот може да избере да избегне да биде подложен на таква повреда на Божјиот закон (Матеј 10:16; Јован 6:15). Во исто време, христијанинот би требало мудро да бара алтернативна медицинска нега, односно да вложи искрен напор да го сочува животот и повторно да оздрави.

Ако христијанинот продолжи да вложува силни напори да избегне повреда на Божјиот закон за крвта, властите би можеле да го сметаат за престапник или да биде земен на кривична одговорност. Ако биде казнет поради тоа, христијанинот може да го смета тоа за страдање заради праведноста. (Спореди 1. Петрово 2:18-20.) Но во повеќето случаи христијаните избегнале да примат трансфузија и со соодветна медицинска нега оздравеле, така што немало трајни законски проблеми. А што е најважно, ја зачувале својата беспрекорност спрема божествениот Животодавач и Судија.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели