Го нашол трактатот под шината
ТОА било во 1921 година. На висорамнините на Трансвал (провинција во Јужна Африка), една група за одржување на железничката пруга работела долж пругата. Надзорникот на пругата, Африканец по име Кристијан Вентер, забележал парче хартија заглавено под шините. Тоа било трактат издаден од Здружението на Стражарска кула, Библии и трактати.
Откако им наредил на луѓето да запрат, Кристијан го прочитал трактатот со големо интересирање. Отрчал да се види со својот зет Абрахам Селиерс, и возбудено му рекол: ”Абрахам, денес ја најдов вистината!“
Кратко после тоа, им пишале на издавачите на трактатот за да добијат повеќе информации. Како одговор на тоа, подружницата на Здружението на Стражарска кула во Јужна Африка им испратила дополнителна библиска литература. Двајцата заедно ја проучувале литературата за време паузата за ручек и до доцна во ноќта. Наскоро започнале да ја делат вистината со пријателите и непознатите.
Најпосле, Кристијан и Абрахам станале предадени Сведоци на Јехова. Како резултат на нивната ревност и верност, на многу Јужноафриканци им било помогнато да ја запознаат вистината. Освен тоа, над сто нивни потомци денес се активни Јеховини сведоци! Еден од нив служи во светската централа на Јеховините сведоци во Бруклин, Њујорк, а еден во подружницата на Друштвото на Стражарска кула во Јужна Африка.
Денес, 70 години оттогаш, библиските трактати продолжуваат да играат важна улога во ширењето на пораката за Царството.