ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • bm дел 6 стр. 9
  • Јов му останува верен на Бог

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јов му останува верен на Бог
  • Библијата — која е нејзината порака?
  • Сличен материјал
  • Јов го возвишувал името на Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • „Нема да отстапам од својата непорочност!“
    Угледајте се на нивната вера
  • Избрани стихови од книгата Јов
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Јововата награда — извор на надеж
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1994
Повеќе
Библијата — која е нејзината порака?
bm дел 6 стр. 9
Јов со чиреви по телото

ДЕЛ 6

Јов му останува верен на Бог

Сатана ја доведува во прашање верноста на Јов кон Јехова Бог, но Јов докажува дека е непорочен

ИМА ЛИ човек на Земјата што ќе му остане верен на Бог ако биде испитан до крајни граници и ако изгледа дека ќе нема никаква материјална корист од својата послушност? Ова прашање било поставено — и одговорено — во случајот на еден човек кој се викал Јов.

Додека Израелците сѐ уште биле во Египет, Јов, кој му бил далечен роднина на Авраам, живеел на подрачјето на денешниот Арапски Полуостров. Во тоа време, ангелите се собрале пред Бог, а заедно со нив дошол и бунтовниот Сатана. Пред сите тие духовни суштества на небото, Јехова изразил доверба во својот верен слуга Јов. Всушност, тој изјавил дека нема човек на Земјата што е беспрекорен и верен како Јов. Но, Сатана рекол дека тој човек му служи на Бог само заради благословите и заштитата што ја добива од Него. Тврдел дека Јов ќе го проколне Бог ако изгуби сѐ што има.

На небото, ангели се собрани пред Бог, меѓу нив е и Сатана

Јехова му дозволил на Сатана најпрво да му ги одземе на Јов богатството и децата, а потоа и здравјето. Бидејќи не бил свесен кој стоел зад сето тоа, Јов не разбирал зошто Бог допуштил да му се случат такви неволји. И покрај сѐ, тој не го проколнал Бог.

Потоа кај Јов дошле тројца лажни пријатели. Во низа говори — кои се запишани во библиската книга за Јов — тие се обиделе да го уверат дека Бог го казнува поради некои негови тајни гревови. Дури тврделе дека Бог не е задоволен со своите слуги и дека нема доверба во нив! Јов не се согласил со нивното погрешно размислување. Напротив, одлучно изјавил дека нема да отстапи од својата беспрекорност сѐ дури е жив!

Сепак, Јов направил една грешка — му станало многу важно да се оправда себеси. Целата расправа ја слушал младиот Елиу, кој на крајот отворено го изнел своето мислење. Го прекорил Јов затоа што не сфатил дека не е најважно да се оправда некој човек, туку да се докаже дека Јехова има право да владее. Елиу строго ги прекорил и лажните пријатели на Јов.

Потоа Јехова Бог му се обратил на Јов и го исправил неговото погрешно размислување. Го потсетил на многуте чудесни созданија во природата, и така го навел да размисли колку мал и безначаен е човекот во споредба со Него, величествениот Творец. Јов понизно ја прифатил таа исправка. Бидејќи е „полн со сочувство и милосрден“, Јехова му го вратил здравјето, му дал двапати поголемо богатство и го благословил со десет деца (Јаков 5:11). Со тоа што му останал верен на Јехова во тешки искушенија, Јов го побил обвинението на Сатана, кој тврдел дека луѓето нема да му останат верни на Бог ако бидат ставени на испит.

Се темели на Книгата за Јов.

  • Какво обвинение изнел Сатана против Јов?

  • Што докажал Јов со тоа што му останал верен на Јехова?

НАЈВАЖНИТЕ СПОРНИ ПРАШАЊА

Јов во свое време бил најбеспрекорниот и најбогобојазливиот човек на Земјата. Но, Сатана тврдел дека тој му служи на Јехова само од себични побуди. Со тоа, всушност, сакал да каже дека и сите други суштества обдарени со разум му служат на Бог од истата причина. Така го поставил следново прашање: Дали луѓето ќе му останат верни на Јехова? Ова е дел од главното спорно прашање кое Сатана го покренал уште во Еден, имено: Дали Јехова има право да биде Севишен Владетел и дали владее праведно? Книгата за Јов покажува дека, ако му останат верни на Бог, и ангелите и луѓето можат да придонесат да се докаже дека Тој е единствениот што има право да владее.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели