Што им треба на децата од родителите
Денешните деца се изложени на невидено насилство и морална изопаченост. Затоа, како никогаш порано, на нашите деца им треба морално и духовно водство. Каде можат родителите да најдат помош во врска со воспитувањето на своите деца? Многу успешни родители ја нашле во Библијата, која за нив е најдобар водич за животот и за моралните вредности.
Со цел да им помогнат на родителите да ги поучат своите деца, Јеховините сведоци ја издадоа книгата Учи од Големиот Учител. Оваа книга има 48 поглавја, а некои од нив се: „Послушноста те заштитува“, „Зошто треба да простуваме“, „Зошто не треба да лажеме“, „Помош за да го победиме нашиот страв“ и „Зошто треба да работиме“.