Разлика што наставниците ја забележуваат
● Ирена, ученичка во осмо одделение, живее во с. Куртово Конаре (Бугарија). На една родителска средба, мајка ѝ ѝ ја дала на нејзината наставничка книгата Младите прашуваат — делотворни одговори.
По некое време, наставничката — држејќи ја книгата в раце — ја повикала Ирена да излезе пред одделението. „Денес ти ќе го водиш часот“, ѝ рекла на Ирена. „Избрав една тема, и би сакала да ни ја прочиташ и да ни објасниш како твоето семејство ги применува предлозите во неа.“ Поглавјето што го избрала било: „Зошто треба да ги ‚почитувам татко ми и мајка ми‘?“
Додека Ирена одела кон таблата, некои нејзини соученици прокоментирале дека нејзините родители се поинакви. Наставничката ги прекинала, и рекла: „Дали знаете зошто нејзиното семејство е поинакво? Затоа што ја проучува Библијата. Им предавав на нејзините браќа и можам да кажам дека никогаш откако работам како наставничка не сум видела таква почит и примерно воспитание“.
Потоа наставничката ја замолила Ирена да чита. Откако го прочитала пасусот во кој се објаснува дека Бог им дал на родителите право да поставуваат правила, наставничката ја прашала: „Ирена, како е тоа во вашето семејство? Дали сѐ што ќе кажат вашите родители е закон за вас?“
„Секој од нас може да си има свое мислење“, објаснила Ирена, „но Библијата вели дека децата треба да ги почитуваат своите родители и да им бидат послушни, а тоа и го правиме. Сепак, дозволено ни е заедно да дискутираме и секој да си го каже своето мислење“. Кога завршил часот, сите биле задоволни од одговорите на Ирена.
Можеш да ја нарачаш оваа книга ако го пополниш купонот и ако го испратиш на адресата што е наведена на него или на некоја од адресите на 5. страница од ова списание.
□ Без никакви обврски, нарачувам еден примерок од книгата што е на сликата.
□ Ве молам, стапете во контакт со мене за бесплатно да ја проучувам Библијата.