ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g05 8/10 стр. 3
  • Живот со страв

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Живот со страв
  • Разбудете се! 2005
  • Сличен материјал
  • Зошто толку многу луѓе живеат во страв?
    Разбудете се! 2005
  • Нека во твоето срце се развие страв од Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
  • Научи како да најдеш радост во стравот од Јехова
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1995
  • Бој се од Јехова и исполнувај ги неговите заповеди
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
Повеќе
Разбудете се! 2005
g05 8/10 стр. 3

Живот со страв

РОКСАНАa се плаши да му каже на маж ѝ дека сака да најде работа со скратено работно време. Еднаш, кога му побарала пари за автобус за да ја посети мајка си, толку силно ја удрил што морала да добие лекарска помош. Таа живее во постојан страв.

Кога навечер се враќала од работа, Роландо обично оставал жена му да си дојде дома со јавен превоз, но сега ја зема со автомобил. Во нивната населба имало толку многу случаи на насилство што е загрижен за нејзината безбедност.

Хајди работи во центарот на еден главен град. Еднаш, кога се враќала дома, се нашла сред некои демонстрации кои на крајот завршија со насилство. Сега, секојпат кога ќе чуе дека во близина минуваат демонстранти, чувствува вознемиреност. „Не се чувствувам безбедно“, вели таа. „Повеќе не сакам да работам овде. Но, немам избор.“

Роксана, Роландо и Хајди во себе имаат чувство на страв — и тоа не само во исклучителни случаи. Тоа е нешто што ги притиска постојано. Кога луѓето мораат да живеат во страв, може да се чувствуваат исцрпени. Стравот може да им ја одземе радоста зашто не можат да го прават она што го сакаат. Стравот може да им ги преокупира мислите на луѓето и да ги спречи да се концентрираат на други работи.

Многу е стресно да се живее во страв. Честопати се случува човек да падне во депресија поради тоа, а може да му биде нарушено и здравјето. „Стресот го напаѓа имунолошкиот систем и е еден од факторите за појавата на поголемиот број болести“, се објаснува во едно списание за здравје. „Со текот на времето, телото ќе почне да покажува симптоми на исцрпеност, особено кај органите што се погодени. Може да дојде до висок крвен притисок, срцеви заболувања, заболувања на бубрезите, нарушувања на гастроинтестиналниот систем, чир, главоболки, несоница, депресија и нервна растроеност. Ако ваквата состојба трае подолго време, доаѓа до исцрпеност.“

Во денешниов свет не е ништо чудно луѓето да живеат во страв. Ќе дочекаме ли некогаш свет во кој луѓето ќе му се радуваат на животот без да се плашат од нешто?

[Фуснота]

a Некои имиња се сменети.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели