Утеха во право време
Во овие критични времиња на многу луѓе им треба утеха, особено кога ќе изгубат некој од своите најблиски. Една жена ја изгубила мајка си, а набрзо потоа и своето сѐ уште неродено бебе. Во своето писмо до канцеларијата на подружницата на Јеховините сведоци во Мексико, таа напишала: „Најмногу се утешив кога ја добив брошурата Кога ќе умре некој што го сакаш. Во неа имаше навистина скапоцени информации што ги добив во вистински момент. Ви благодарам за вашата христијанска љубов и трудољубивост во обезбедувањето библиски публикации како што е оваа“.
Таа била особено утешена од библиските стихови што се наведени во брошурата. На пример, во 1. Коринќаните 15:26 стои: „Како последен непријател ќе биде уништена смртта“. Можеби Вие или некој што го познавате исто така ќе се утеши кога ќе ја прочита оваа брошура од 32 страници. Кога ќе умре некој што го сакаш разработува теми како што се „Како да живеам со својата тага?“, „Како можат другите да помогнат?“ и „Сигурна надеж за мртвите“.
Можете да нарачате примерок ако го пополните овој купон и ако го испратите на адресата што е приложена или на соодветната адреса наведена на 5. страница од ова списание.
□ Би сакал да добијам примерок од брошурата Кога ќе умре некој што го сакаш.
□ Ве молам, контактирајте со мене заради бесплатна домашна библиска студија.