Пронајдено богатство во подрумот на една црква
Минатата година, една жена од северниот дел на државата Њујорк (САД) известила дека пронашла такво нешто. Во своето писмо упатено „До оној што е надлежен“, таа напишала: „Ја најдов оваа книгичка во подрумот на една локална црква и си ја зедов дома. Носи наслов Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата“.
Жената објаснила: „Моментално ми преостанаа уште четири поглавја за да ја прочитам целата книга по вторпат. Толку беше интересна што морав да ја прочитам двапати, и тоа пополека, за да разберам сѐ. Од таа книга научив повеќе отколку што сум научила во некоја локална црква. Исто така, научив работи што не сум ги знаела порано. Би сакала да имам повеќе такви книгички“.
Книгата што ја пронашла е објавена од Јеховините сведоци пред 20 години, и од неа беа отпечатени повеќе од 81 милион примероци на 112 јазици. Иако повеќе не се печати, сржта на нејзината порака можете да ја најдете во брошурите од 32 страници со наслов Која е смислата на животот? Како да се пронајде? и Се грижи ли Бог навистина за нас?
Можете да нарачате примерок од двете брошури ако го пополните придружниот купон и ако го испратите на адресата што е приложена на купонот или на соодветната адреса наведена на 5. страница од ова списание.
□ Доставете ми примерок од брошурите Која е смислата на животот? Како да се пронајде? и Се грижи ли Бог навистина за нас?
□ Ве молам, контактирајте со мене заради бесплатна домашна библиска студија.