ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g01 8/7 стр. 31
  • Јаловата земја да се направи плодна

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Јаловата земја да се направи плодна
  • Разбудете се! 2001
  • Сличен материјал
  • Што вели Библијата за глобалната криза за вода?
    Разно
  • Криза за вода — какви мерки се преземаат?
    Разбудете се! 2009
Разбудете се! 2001
g01 8/7 стр. 31

Јаловата земја да се направи плодна

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ИНДИЈА

Како е можно јаловите предели на Ладак, северната област на Индија, да се направат попродуктивни? Со ова прашање се занимавал Цеван Норфел, пензиониран градежен инженер. Топењето на природните глечери што се наоѓаат високо на Хималаите започнува во јуни, а не во април кога има слаби дождови а на земјоделците им треба вода за наводнување на полињата. Норфел дошол до едно паметно решение: Да се направат вештачки глечери на пониските ритчиња, каде што мразот ќе почне да се топи порано во годината.

Според индиското списание The Week, Норфел и неговата екипа се зафатиле со свртување на текот на еден планински поток во еден вештачки канал долг 200 метри и со 70 отвори. Од нив водата би течела бавно и контролирано низ планинската падина и би замрзнала пред да дојде до потпорните ѕидови изградени на понискиот дел од падината. Постепено би се создавал мраз, кој на крајот би ги прекрил ѕидовите. Бидејќи ќе биде во сенката на планината, глечерот ќе се топи само кога температурата ќе се покачи во април, обезбедувајќи ја водата што е толку потребна за наводнување во тој период.

Дали беше успешна идејата за создавање вештачки глечер? Всушност, идејата на Норфел се покажала толку практична што во Ладак веќе се направени десет такви глечери, а се планираат уште. Еден таков глечер, изграден на еден рид од 1.370 метри, дава околу 34 милиони литри вода. А колку чини? „За да се направи вештачки глечер потребни се приближно два месеца и тоа чини 80.000 рупии [1.860 долари], а поголемиот дел од нив се трошоци за работна рака“, вели The Week.

Човечката генијалност, кога е исправно насочена, сигурно може да биде корисна. Само помислете што би можело да направи човештвото под водство на Божјето небесно Царство! Библијата ветува: „Нека се зарадува пустината, исушената земја, нека воскликнува степата, нека расцвета лилјанот . . . Во пустината ќе бликнат води, а во степата потоци“ (Исаија 35:1, 6). Колкава само радост ќе биде да се има учество во разубавувањето на нашата земја!

[Извори на слики на страница 31]

Mountain High Maps® Copyright © 1997 Digital Wisdom, Inc.

Arvind Jain, The Week Magazine

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели