Библијата рекла прва
● „Разговорот никогаш не започнуваше одеднаш ниту, пак, избрзано. Никој не брзаше да постави прашање, без оглед на тоа колку е важно, и никој не беше принуден да одговори. Паузата која оставаше време за размислување беше навистина пристоен начин за да се започне и да се води разговор. Молчењето беше значајно во Лакота . . . [Тоа] се правеше од вистинска учтивост и обѕир кон правилото дека ‚треба да се размисли пред да се зборува‘“ (Лутер Мечката која стои, поглавар на Оглала Сијуксите [1868?—1939]).
„И така, мои возљубени браќа, секој човек нека биде брз во слушањето, а спор во зборувањето, и бавен на гнев“ (Јаков 1:19, Библијата [првиот век н. е.]).
„Срцето на праведниот медитира како да одговори, а устата на злобниот претекува од лоши нешта“ (Изреки 15:28, NW, Библијата [околу осмиот век пр. н. е.]).
„Безумниот го излива сиот свој гнев, а мудриот се воздржува“ (Изреки 29:11, Библијата [околу осмиот век пр. н. е.]).
[Извор на слика на страница 15]
Фотографија на Дејвид Бери, the Denver Public Library, Western History Collection