Таа им помогнала да престанат да се караат
Едно 11-годишно момче од Калифорнија (САД) пишало до Јеховините сведоци во Бруклин (Њујорк):
„Ги сакам вашите книги, особено Тајната на семејната среќа. Пред да ја добиеме таа книга, сестра ми и јас не можевме да престанеме да се караме. Еден ден одлучивме да ја проучуваме и сфативме дека не го правиме она што го сака Бог.
Оваа книга многу ни помогна. Благодарен сум за неа и ги охрабрувам и другите семејства да ја прочитаат затоа што е одлична. Исто така, таа му помага на моето семејство да пронајде мир и среќа во нашиот дом“.
Тајната на семејната среќа е книга од 192 страници која изнесува такви корисни теми, како што се: „Заштити го своето семејство од погубни влијанија“, „Зачувај мир во своето домаќинство“ и „Ти можеш да ги надминеш проблемите кои му наштетуваат на семејството“.
Ако сакате некој да води бесплатна домашна библиска студија со Вас, пишете на адреса: Јеховини сведоци, п. ф. 800, 91 000 Скопје, или на соодветната адреса наведена на страница 5.