ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g98 8/5 стр. 32
  • Надежта на една млада Русинка

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Надежта на една млада Русинка
  • Разбудете се! 1998
Разбудете се! 1998
g98 8/5 стр. 32

Надежта на една млада Русинка

ЕДНО 15-годишно девојче од Ухта (Русија), град со повеќе од 100.000 жители и на оддалеченост повеќе од 1.200 километри североисточно од Москва, изразило искрена желба за подобри услови на Земјата. Таа го објаснила ова во следново писмо до канцеларијата на подружницата на Јеховините сведоци во Русија:

„Мојата пријателка ми рече дека книгата Најголемиот човек кој некогаш живеел го опишува животот на Исус Христос. Многу ме интересираат вашите книги, списанија и брошури. Да ви објаснам како се разви овој интерес. Тоа се случи во поштата кога отидов да ги платам сметките за радио и за телефон. Таму, на подот најдов еден трактат. Го подигнав, ја истресов нечистотијата и почнав да го читам трактатот, кој носеше наслов Зошто во животот има толку многу проблеми?

Прочитав за неволјите и страдањата на луѓето, а на обвивката на трактатот беше илустрирано и ветувањето за еден нов живот во Рајот. Се надевам дека еден ден тоа ќе се случи. Навистина сакам да ги видам сите луѓе среќни, задоволни и здрави и да ги видам роднините кои умреле . . . Би сакала да знам што треба да направам за да ја имам надежта за живот во земниот Рај. Ве молам да ми испратите некои информации или книги. Ќе платам за нив и за поштенските трошоци“.

И Вие можете да добиете литература која може да Ви помогне да стекнете цврста библиски темелена надеж за живот на една рајска Земја. Доколку сакате да добиете примерок од брошурата Што бара Бог од нас? или сакате некој да дојде во Вашиот дом за да води бесплатна библиска студија со Вас, Ве молиме пишете до: Јеховини сведоци, п. ф. 800, 91 000 Скопје, или на соодветната адреса на страница 5.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели