„Разбудете се! ми го спаси животот“
„На 11 ноември околу 22.00 часот“, известил Артур од Сува (Фиџи), „почнав да чувствувам болки во градите, за кои си помислив дека се печење во лажичката. Мојата сопруга, Естер, беше убедена дека доживував срцев удар, бидејќи таа рече дека моите симптоми се слични на симптомите опишани во Разбудете се! од 8 декември 1996 (македонско издание од 8 март 1997), ‚Срцев удар — што може да се стори?‘ кое таа штотуку го прочитала.
Разговарав со мојот доктор по телефон и тој ми советуваше да земам некои лекови против печење во лажичката, да си легнам и да одам кај него следното утро. Сепак, болката не попушти. Тогаш ја замолив Естер да го донесе Разбудете се! и да го прочита делот ‚Симптоми на срцев удар‘. Откако ми го прочита, се согласив да одам в болница.
Тестовите покажаа дека доживувам срцев удар и бев задржан в болница. Следните пет дена ме држеа под силни седативи и целосен одмор. Кардиологот рече дека сум имал среќа што сум го открил мојот срцев удар.
На 9 јануари 1997 се подложив на четиричасовна операција на отворено срце во Сиднеј (Австралија). ‚Заболувањето на коронарната артерија беше неверојатно сериозно‘, гласеше извештајот на хирургот. Состојбата на моите коронарни артерии покажа дека сум на пат кон поголем срцев удар кој би настапил по неколку месеци ако ударот од 11 ноември поминеше незабележан.
Без сомнение, можам да речам дека Разбудете се! ми го спаси животот, бидејќи сигурно би си помислил дека мојот удар е силно печење во лажичката.“
Разбудете се! настојува да изнесе навремени и актуелни информации на широка разноличност од теми. Ако сакате редовно да го добивате ова списание, јавете им го тоа на Јеховините сведоци следниот пат кога ќе дојдат кај Вас или, пак, пишете на соодветната адреса наведена на страница 5.