Што можат да постигнат библиските трактати
Во градот Голицино, во близината на Москва (Русија), на една жена која туркала детска количка еден Јеховин сведок ѝ го дал трактатот Радувај се на семејниот живот. Сведокот продолжил да оди, но наскоро го слушнал гласот на жената како вика за да го добие неговото внимание. Трчала за да го стигне, цело време туркајќи ја својата детска количка.
Жената рекла дека е заинтересирана да дознае повеќе, па затоа Сведокот ѝ дал уште два трактата со библиски теми. Исто така, ѝ го дал својот телефонски број за да може подоцна да стапи во контакт со него. Истата таа вечер му се јавила и биле направени подготовки за седмична домашна библиска студија. Само за седум месеци, и таа и нејзината сестра се предале за да му служат на Бог и се крстиле.
Ако сакате да ги читате библиските трактати Радувај се на семејниот живот, Утеха за потиштените, Кој навистина владее со светот? и Живот во мирољубивиот нов свет, Ве молиме пишете до: Јеховини сведоци, п. ф. 800, 91 000 Скопје, или на адресата најблиску до Вас наведена на страница 5.