ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g97 8/12 стр. 28
  • РСД — загадочно, болно растројство

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • РСД — загадочно, болно растројство
  • Разбудете се! 1997
  • Сличен материјал
  • Да се сфати и да се живее со фибромиалгија
    Разбудете се! 1998
Разбудете се! 1997
g97 8/12 стр. 28

РСД — загадочно, болно растројство

Од дописникот на Разбудете се! во Канада

РЕФЛЕКСИВНАТА СИМПАТИЧНА ДИСТРОФИЈА (РСД) е „еден од најзагадочните синдроми во медицината и еден од најболните и потенцијално најизнемоштувачките“, напишала Алисон Бреј во весникот Winnipeg Free Press. РСД „честопати поминува клинички неприметена едноставно затоа што е слабо разбрана“, рекла пациентката Ана Александер во British Medical Journal. Истиот журнал навел дека РСД најверојатно не е доволно дијагностицирана кај децата. Со години лекарите дури мислеле дека болката е психолошка и самонанесена.

Оние кои страдаат од ова мистериозно растројство доживуваат непопустлива болка и во некои случаи едвај се сеќаваат дека нешто направиле за да ја предизвикаат агонијата. Сара Арнолд во Accent on Living пишува: „Болеста е предизвикана од повреда или траума на некој предел од телото кој е богат со нервни завршетоци, како што е раката или стапалото. Повредата може да биде едноставна како боцнување или сложена како хирургија. Првиот знак на болеста е долготрајна болка која е поостра од повредата. Симптомите се: остра болка со печење во некој локализиран предел, силна чувствителност на температура и на светлина, промени во косата и во ноктите и промена на бојата на кожата“.

Болеста поминува низ неколку етапи. Во почетокот, погодениот предел отекува и има црвенило, а влакна растат и онаму каде што порано видливо не растеле. Тоа може да трае од еден до три месеци. Потоа, пределот станува син и ладен, со зголемена болка и здрвеност на лигаментите и на зглобовите. Остеопорозата може да пушти корен. На крајот, погодените мускули ослабнуваат, тетивите се грчат и погодениот екстремитет се суши.

Според д-р Хауард Интратер, директор на клиниката за болка при Центарот за здравствени науки во Винипег, неповратната штета може да се спречи. Потребно е симпатичните нерви да се блокираат за да не испраќаат сигнали на болка.a Весникот од Винипег известува дека „третманите варираат од електрично стимулирање до бета блокатори, епидурални стимулатори (при што во ’рбетниот мозок се всадува електрода за да се стимулира погодениот предел) до блокирање на симпатичните нерви со инјекции“. Се користи психотерапија заедно со акупунктура за да се намали болката и да се подобри мобилноста. British Medical Journal вели дека „делотворниот третман вклучува комбинација на електрично нервно стимулирање, хемиско блокирање на симпатичните нерви, психолошка терапија и интензивна физикална терапија“.

Раното дијагностицирање очигледно дека има предност. Меѓутоа, лекарите кои пишуваат во The American Journal of Sports Medicine велат дека нивните резултати со пациенти кај кои симптомите се дијагностицирани за помалку од 6 месеци, или за 6 до 12 месеци, или за повеќе од 12 месеци „биле скоро идентични. Тоа откритие е спротивно на сегашното мислење дека ако симптомите траат повеќе од 1 година пред третманот, тоа е лош прогностички знак“.

Постојат надежи дека, како што медицинското спознание се зголемува, РСД ќе стане помалку мистериозна и отворена за уште поделотворен третман.

[Фуснота]

a За детално разгледување на темата за болка, видете ги сериите со наслов „Можен ли е живот без болка?“ во изданието на Разбудете се! од 22 јуни 1994 (хрв.).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели