Разбудете се! го кажа тоа во 1990
НЕОДАМНА, ширењето на „болеста на луди крави“ предизвика голема тревога во Европа. Многумина се плашат дека болеста може да се пренесе и на луѓето. Некои, исто така, веруваат дека постои врска помеѓу консумирањето месо од заразени животни и развојот на Кројцфелт-Јакобсовата болест, прогресивна и неизбежно фатална болест за човечкиот централен нервен систем. Не изненадува тоа што консумирањето говедско месо нагло опаднало како што се ширела веста за болеста на лудите крави.
Интересно, во изданието на италијанското списание TuttoReggio од мај 1996, Стефанија Ферари напишала: „Наидовме на списание кое веќе зборуваше за таа страшна чума во 1990 — Разбудете се! издадено од Јеховините сведоци“. Статијата на која укажала носи наслов „Британската дилема ‚луда крава‘“ и се појави во изданието од 8 ноември 1990 (англ.). Откако ги цитирала уводните четири пасуси, Ферари го изразила своето чудење што оваа статија се појавила „шест години пред целата работа да биде изнесена пред вниманието на јавноста ширум светот“. Таа продолжила: „Откако ја видоа таа статија од 1990 која извести такви неверојатно современи информации, некои рекоа: ‚Ако Јеховините сведоци знаеја за таква сериозна и важна работа, зошто не го изнесоа тоа пред вниманието на сите, па дури и пред оние кои не припаѓаат на нивните собранија?‘ Да бидеме искрени: Ако некој Јеховин сведок би тропнал на нашата врата во 1990, покажувајќи ни ја Библијата и таа статија издадена во нивното списание, колкумина од нас кои следиме поинаква религија би го зеле тоа сериозно?“
Тогаш во 1990, кога статијата „Британската дилема ‚луда крава‘“ беше издадена, Разбудете се! имаше просечен тираж од скоро 12 милиони примероци, на 62 јазика. Јеховините сведоци беа зафатени дистрибуирајќи го овој навремен журнал во преку 200 земји ширум светот. Денес, Разбудете се! има просечен тираж од 18.350.000 примероци на 80 јазици. Овој журнал продолжува да издава информативни и современи статии. Ако сакате да добиете идни изданија на Разбудете се! Ве молиме стапете во контакт со Јеховините сведоци во Вашата близина или пишете до најблиската адреса наведена на страница 5.