ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g97 8/10 стр. 18
  • Модел за имитирање

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Модел за имитирање
  • Разбудете се! 1997
Разбудете се! 1997
g97 8/10 стр. 18

Модел за имитирање

ОД ДОПИСНИКОТ НА РАЗБУДЕТЕ СЕ! ВО ЧИЛЕ

Јакомо Кастељи има стан во Антофагаста, град со околу 170.000 жители во северно Чиле. Минатиот јуни, од својот балкон набљудувал една група луѓе во локалниот парк. „Неверојатно беше тоа што гледав тинејџери како се смеат и уживаат со своите родители“, тој напишал во едно писмо до весникот El Mercurio. За да ја потврди таа необична глетка, отишол долу во паркот.

„Ме очекуваше уште едно изненадување“, забележал љубопитниот пишувач. „Кога некои од семејствата завршија со својот ручек, секој нивни член почна да го собира она што случајно паднало на тревникот и да го става во својата ќеса за ѓубре . . .

Сакав да знам кои се тие необични луѓе“, продолжил пишувачот. „Ѝ пристапив на една убава девојка која лесно може да биде мис на што и да посака, и таа многу пријатно ми рече: ‚Ние сме Јеховини сведоци и имаме собир на Стадионот Регионал‘.“ Групи од покраинскиот собир на кои присуствувале преку 3.000 луѓе отишле во паркот за време на пладневната пауза, за да ручаат.

„Јас сум апостолски римокатолик“, рекол пишувачот. „Верно присуствувам на света миса и дури сум бил и на аџилак до Лурд (Франција) пред неколку години.

Меѓутоа, во чест на моето длабоко христијанско одгледување, морам чесно да се запрашам: Што имаат тие што ние католиците, религијата на мнозинството во Чиле, го немаме? Зошто на тие тинејџери изгледа како да им е толку угодно со нивните родители додека моите три ќерки бегаат од мене кога само ќе предложам да одиме некаде заедно?

Зошто нашите католички деца се насилни; зошто викаат и играат ‚пауер рејнџерс‘ додека ги удираат другите деца . . . а овие деца се мирољубиви, со здрава ведрина и еколошко настроени? Зошто не можеме ние католиците да се собереме заедно на собири без да бидеме обземени од одбивниот комерцијализам кој ги опкружува нашите најсвети религиозни места, како што се светилиштата Ла Тирана, Андаколјо и други?“

Пишувачот, г-н Кастељи, го заклучил своето писмо до весникот со прашањето: „Дали ние кои се сметаме за католици и христијани некогаш ќе станеме како нив? Нека Бог и Девицата ни помогнат да го направиме тоа“.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели