Дали копнеете по библиското спознание?
СО ДЕЦЕНИИ слободното дискутирање за Библијата било забрането во комунистичките земји. Но, со завршетокот на Студената војна, стотици илјади луѓе таму почнале да трагаат по библиското спознание. Иако тоа се случува особено во републиките на поранешниот Советски Сојуз, ситуацијата е слична во источноевропските земји.
На пример, огромна радост му донела дискусијата за Библијата на еден 45-годишен наставник по биологија и хемија во Печуј (Унгарија). „Беше одушевувачко и радосно искуство да се разговара со еден Јеховин сведок кога ја посетив Будимпешта“, напишал наставникот. „Сакам да го читам Писмото, и би ценел да учествувам во библиска студија. Со благодарност би ја прифатил вашата помош.“
Јеховините сведоци се воодушевуваат да им дадат таква помош на луѓето каде и да се. Ако сакате некој да Ве посети дома и со Вас да дискутира за Библијата, Ве молиме пишете на адреса: Јеховини сведоци, п. ф. 800, 91000 Скопје, или на соодветната адреса наведена на страница 5.