Го привлекле нејзиното внимание
Во мај 1995 година, една жена во Њујорк Сити пишала до седиштето на Јеховините сведоци во Бруклин (Њујорк). Таа објаснила:
„Одев по Ист 124-та, помеѓу Прва и Втора Авенија. Случајно погледнав надолу и ветерот дуваше некои трактати. Се наведнав и зедов три од вашите трактати: Утеха за потиштените, Радувај се на семејниот живот и Кој навистина владее со светот? Ги прочитав и многу уживав во нив.
Би била благодарна кога би биле толку љубезни да ми испратите некои информации во врска со бесплатниот курс за домашна библиска студија. Исто така, ако е можно, би сакала да добијам нешто од вашата литература. Што се однесува до мене, беше благослов тоа што добриот Господ ми ги постави трите трактати на мојата патека за да ги најдам. Господ навистина работи на мистериозни начини“.
Ако Вие би сакале да ги прочитате овие трактати кои го привлекуваат вниманието или бесплатно да ја проучувате Библијата во Вашиот дом, Ве молиме пишете на адреса: Јеховини сведоци, п.ф. 800, 91000 Скопје, или на соодветната адреса наведена на страница 5.