„Од устата на младенците“
Една жена од Балито, Натал (Јужна Африка), изразила срдечно ценење за книгата Моја книга со библиски приказни и напишала:
„Имам внук, Руди Наиду, кој има само една и пол година, а веќе ги кажува имињата на скоро сите личности од книгата, гледајќи ги само нивните слики. Тој дури и ви кажува што прават на сликите одредени библиски личности. На пример, 11. приказна покажува како Ное принесува жртви. Руди ни вели: ‚Ное — моли Јехова‘.
Кога ќе го прашаат што прави Исус Навин во 49. приказна, Руди го глуми Исус Навин како на сликата и вели: ‚Сонце стои!‘ Тој не може исправно да ги изговара зборовите, но ги кажува на свој смешен и сладок начин.
Уште еднаш сакам да ви се заблагодарам за оваа одлична публикација. Малите деца можат да раскажуваат за работи кои некои возрасни не ги ни знаат. Навистина се покажуваат вистинити Исусовите зборови во Матеј 21:16: ‚Од устата на младенците и од оние што цицаат Ти си приготвил пофалба‘.“
Доколку сакате да добиете примерок од книгата Моја книга со библиски приказни или би сакале некој да Ве посети во Вашиот дом за да разговара со Вас за вредноста на библиското образование, Ве молиме пишете до најблиската адреса наведена на страница 5.