Оддавање признание на Творец
„ЦВЕЌИЊАТА постојат за убавина, а овошјето за користење. Но многу овошја се и убави. Нашиот небесен Татко сака убавината да оди заедно со она што е корисно.“ Овој цитат не е земен од некој религиозен учебник, туку од научен учебник со наслов The Child’s Book of Nature (Детската книга на природата), напишан во 1887. Намерата на нејзиниот автор, Вортингтон Хукер, лекар, била книгата да се користи за поучување на децата во семејствата и на училиште.
Стилот на пишување на книгата дава докази дека авторот верува во Творец и има стравопочит кон Него. Д-р Хукер понатаму пишува: „На Земјата, има многу голема разновидност на пријатни вкусови на овошјето, што и самите можете да видите кога ќе помислите на колку што е можно повеќе видови различни плодови. Каков само доказ е тоа за Божјата обилна доброта! Тој не ни угодува само на неколку начини, туку на многу начини. Пријатните нешта во овој свет скоро се бесконечни во нивната разновидност. Колку е чудно некој да го знае сето тоа, а да живее од ден на ден без никаква благодарност за својот Творец!“
Кога првпат била издадена книгата The Child’s Book of Nature, Дарвиновите теории биле нашироко раширени веќе скоро три децении. Сепак, книгата на д-р Хукер покажува дека дури и на крајот од ХІХ век, за чудата во природата еден учебник можел толку отворено да му оддава признание на Бог, а не на слепата случајност. (Спореди Исаија 40:26.)