Датум кој никогаш не треба да се заборави
Вечерта пред да умре, Исус поделил еден сомун бесквасен леб и една чаша вино со неговите апостоли, и рекол: „Правете го ова за Мој спомен!“ (Лука 22:19).
Оваа година, прославата се паѓа во петок, 14 април, после зајдисонце. На Исусова заповед, милиони Јеховини сведоци и заинтересирани луѓе ширум светот ќе бидат собрани на таа посебна ноќ за повторно да го одржат Споменот онака како што заповедал Исус. Најсрдечно сте поканети и Вие да се соберете заедно со нас. За точното време и местото на состанокот, можете да се информирате од Јеховините сведоци во вашата близина.