ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g94 8/10 стр. 32
  • „Заинтересиран сум да дознаам повеќе“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „Заинтересиран сум да дознаам повеќе“
  • Разбудете се! 1994
Разбудете се! 1994
g94 8/10 стр. 32

„Заинтересиран сум да дознаам повеќе“

ЕДЕН човек од Колорадо (САД), минатиот декември, во своето писмо до издавачите на ова списание го напишал горенаведеното. Тој објаснил:

„Иако според мерилата на повеќето луѓе не би ме сметале за религиозен човек, отсекогаш сум верувал дека животот мора да е нешто повеќе од она што го гледаме и слушаме во нашето секојдневно постоење. Секогаш сум имал приврзаност кон духовните работи, но не и кон некоја посебна религија.

Меѓутоа, неодамна се најдов во некои прилично тешки ситуации и открив дека ми недостига внатрешна сила за да се борам. Проблемите дома и на работа ја зголемија мојата загриженост до мера каква што порано не сум доживеал. . .

Но многу чудно, кога мојата фрустрација достигна кулминација, случајно наидов на примерок од вашата литература во еден комплекс продавници. Вашите погледи во врска со Светиот Татко се освежувачки и заинтересиран сум да дознаам повеќе, но не сум сигурен каде да се обратам за повеќе информации.

Многу би го ценел секое упатство што ќе можете да ми го дадете за да научам повеќе за Јеховините сведоци и за вашите верувања. Како што спомнав, ми беше чудно што налетав на примерок од вашата литература токму тогаш кога мојата фрустрација достигна кулминација — тоа може да биде знак на божествено водство“.

На овој човек му беше испратен примерок од книгата која ги презентира библиски темелените верувања на Јеховините сведоци, под наслов Ти можеш засекогаш да живееш во рајот на Земјата. Доколку сакате да добиете примерок од оваа тврдоукоричена публикација од 256 страници, или би сакале бесплатно да ја проучувате Библијата, молиме пишете до Јеховини сведоци, поштенски фах 800, 91000 Скопје, или на една од адресите наведени на страница 5.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели