Близу е Обласниот конгрес „Божествен страв“
На Обласниот конгрес на Јеховините сведоци, „Божествен страв“, ве очекуваат три корисни денови на библиска поука . Во текот на јуни, јули и август само во САД се планирани 165 конгреси. Вие ќе можете да посетите некој кој е релативно близу до вашето место на живеење.
Конгресот ќе започне со музика во 10.20 часот во петок претпладне, а програмата тој ден ќе заврши околу седумнаесет часот. Во сабота и недела програмата ќе започне во 9.30 часот претпладне, а ќе заврши околу седумнаесет часот во сабота попладне и во 16.15 часот во недела попладне.
Клучното предавање во петок претпладне не само што ќе објасни што претставува божествениот страв, туку и ќе открие какви користи произлегуваат за оние кои негуваат таков страв. Целата конгресна програма ќе ги истакне овие користи.
Во петок попладне, во текот на едночасовна серија предавања и прикази ќе чуете како божествениот страв може да го зајакне брачниот и семејниот живот и како им помага на младите да останат непоколебливи во нивната лојалност на Бог. Програмата во петок ќе заврши со охрабрувачкото излагање на говорот „Утеха за ужалените“. Ќе ја цените практичната помош што ќе се изнесе во текот на говорот за поддршка на оние на кои им умрел некој близок.
Програмата во сабота ќе покаже како божествениот страв ја зајакнува нашата оддаденост на Јеховиното водство во врска со собранието и нашата служба. Говорот „Народ кого Јехова нема да го напушти“ ќе опише како Божјето ветување дека нема да го напушти својот народ, треба да влијае на тој народ во денешниов свет. Истото попладне, во говорот „Читај ја Божјата Реч, Светото писмо, секој ден“, делегатите ќе добијат практични предлози за читање и за проучување на Библијата. Програмата во сабота ќе заврши со говор на темата која подбудува интерес: „Близу е Јеховиниот ден кој влева стравопочитување“.
Одлика на неделната програма е говорот „Ќе има воскресение на праведните“. Во следното предавање: „Живи спасени преку големата неволја“, ќе се даде објаснување за прекрасното Исусово ветување во врска со оние кои никогаш нема да умрат (Јован 11:26).
Програмата во недела претпладне ќе заврши со 40-минутната драма која подбудува на размислувње, со наслов Избори пред коишто стоиш. Публиката ќе се врати во времето на Исус Навин и ќе биде прикажана неговата цврста одлучност да му служи на Јехова. Ќе го видат и испитот со огнот во времето на Илија. Од овие два настана ќе се извлечат поуки кои ќе им помогнат на делегатите да покажуваат божествен страв во денешно време.
Врвна точка на конгресот во недела попладне ќе биде предавањето за јавност: „Зошто сега да се плашиме од вистинскиот Бог“. Секако, ако присуствувате сите три дена ќе извлечете корист! Срдечно ве повикуваме да присуствувате. Јавете се во Салата на Царството на Јеховините сведоци за да ја дознаете локацијата која е најблиску до Вашиот дом или пишете до издавачите на ова списание. Можете да го видите и изданието на Разбудете се! од јули-септември во кое ќе бидат навдени адресите на други конгресни локации во САД, Канада, Британија и Ирска.
[Извор на слика на страница 32]
T. Rosenthal/SUPERSTOCK