ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • g93 8/1 стр. 32
  • Одговор на една молитва

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Одговор на една молитва
  • Разбудете се! 1993
Разбудете се! 1993
g93 8/1 стр. 32

Одговор на една молитва

ЕДНА жена од Крајстчерч (Нов Зеланд), вели дека статијата од Разбудете се!, „Лекување на раните од злоупотребување на деца“ била одговор на нејзината молитва. Таа објаснува:

‚Во август 1991 неколкумина од нас имавме непријатно искуство кога ѝ сведочевме на една приателка на која ѝ се вратија болните сеќавања за злоупотребата. Околу три дена бев во шок, но сесрдно му се молевме на Јехова за списание кое ја обработува оваа тема. Ни требаше помош; чекавме само пет седмици. Во името на многу, многу жртви ви благодарам за брилјантната, чувствително пишувана статија од 8. октомври 1991 (македонски: 8. јануари 1992)‘.

Горенаведеното е само едно од многуте илјади писма на благодарност заради Разбудете се! на тема злоупотреба на деца. Во едно друго писмо што го добивме на почетокот од годинава, авторката вели дека неколку пати одново почнувала да ја чита статијата, бидејќи не можела да престане да плаче. Таа пишува:

„Дури и сега, сета се растреперувам кога се обидувам да го искажам моето ценење за времето и енергијата што се вложени за да им се помогне на оние меѓу нас кои се чуствуваме понижени и со чуство на вина откако сме биле сексуално и емоционално силувани од некој кој тврдел дека нѐ ‚сака’ кога бевме толку млади и ранливи. Не сум знаела дека многу други го имале истото искуство. Сѐ уште ми е тешко да се справам со чуствата, но предлозите на страна 10 и 11 ми се од голема помош. Имам толку многу да кажам, но би сакала уште само да спомнам дека го молам Јехова за вас да имате доверба во него и да ви даде храброст да можете да пишувате за вакви деликатни теми“.

Во едно друго писмо стои: „Ова ви беше една од најуспешните ремек-дела што некогаш сте ги објавиле за меѓучовечките односи. Симната е маската на оваа сатанска пракса и нејзините извршители, на оние кои не биле жртви им е објаснето тоа разорно дејство, а жртвите беа утешени и поучени. Сега може да се смета на тоа дека кај Божјиот народ може да се најде сочувство и поддршка“.

Јеховините сведоци се една интернационална организација од преку четири милиони истражувачи на Библијата кои имаат за задача да им помагаат на луѓето во решавање на нивните проблеми и да им помогнат да научат повеќе во врска со Божјата намера. Ако сакате понатамошни информации или бесплатна домашна библиска студија, ве молиме пишете до Христијанската верска заедница на Јеховини сведоци, ул. Радишанска 123, 91000 Скопје.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2026)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2026 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели